info@een.mk
Македонија
Сите услуги на ЕЕН Македонија кон клиентите се бесплатни

За нас

Enterprise Europe Network во Македонија

Enterprise Europe Network (EEN) е најголемата мрежа на контакт центри кои обезбедуваат информации и советувања на компаниите за прашања од Европската унија. Составена од повеќе од 600 локални партнерски организации (универзитети, стопански комори, агенции, фондации, здруженија) во повеќе од 50 земји, мрежата промовира конкуретност и иновации.

Главна мисија на Enterprise Europe Network е да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат различните бизнис можности во рамките на единствениот ЕУ пазар, развивајќи активности на соработка од областа на бинисот, технологијата или науката. Преку мрежата се обезбедувааат совети за поддршка на иновативните бизниси и пристап до финансии. Исто така, се овозможува и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија.

Enterprise Europe Network во Македонија е претставен преку проектниот конзорциум, составен од четири партнери: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како координатор, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија.

Сите услуги се бесплатни и се нудат од страна на секој партнер во конзорциумот како едношалтерски систем на услуги.