info@een.mk
Македонија
Сите услуги на ЕЕН Македонија кон клиентите се бесплатни

Услуги

Главна мисија на Enterprise Europe Network е да им помогне на малите и средни претпријатија да развијат активности на соработка од областа на бинисот, технологијата или науката. Преку мрежата се обезбедувааат совети за поддршка на иновативните бизниси и пристап до финансии. Исто така, се овозможува и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија.

Сите услуги се бесплатни и се нудат од страна на секој партнер во конзорциумот како едношалтерски систем на услуги. Тие главно се насочени кон новоформираните и постоечките мали и средни претпријатија, но исто така може да се користат и од страна на поголеми компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и бизниси и агенции за развој на иновации.