info@een.mk
Македонија
Сите услуги на ЕЕН Македонија кон клиентите се бесплатни

Технологии и иновации

Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности која може да ви помогне да остварите соработка со странски партнери заснована на трансфер на технологија и договори за лиценца, производство, техничка поддршка или заедничко вложување.

  • Помош на претпријатијата да најдат или да промовираат технологија, иновативен производ или техничка експертиза, користејќи ја базата за технолошка соработка на Enterprise Europe Network;
  • Поддршка за комерцијализација на иновации, технологии или истражувачки резултати на македонски претпријатија;
  • Поддршка на македонските претпријатија при изнаоѓање на иновативни технологии или експертизи;
  • Специјализирани советодавни услуги;
  • Градење на капацитети и стимулирање на капацитетот за иновирање;
  • Услуги за транс-национален трансфер на технологии;
  • Промовирање на вашите иновативни технологии во останатите делови на Европа;
  • Промовирање македонските резултати од истражување;
  • Барање соодветни партнери за технолошка соработка;
  • Изведување на технолошки аудит;
  • Информации за заштита на правата од индустриска сопственост;
  • Информации преку електронски билтен.

Пронајдете партнер за технолошка соработка

Нашата онлајн база на технологии нуди пристап до над 4000 актуелни технолошки барања и понуди од претпријатија, универзитети и истражувачки организации од преку 50 европски земји. Користењето на нашата услуга Барање на технолошки партнер ви овозможува:

  • Да идентификувате нови технологии, и
  • Да ги продадете/лиценцирате вашите технологии

Доколку сте заинтересирани за одредена технологија, пријавете го вашиот интерес ќе ви помогнеме  да стапите во контакт со потенцијалниот странски партнер.

Информирајте се за најновите технолошки профили

Базата на технологии се ажурира на неделна основа. Нашата услуга е-Известување за нови технологии ви овозможува да останете во тек со најновите објавени технолошки профили од вашата област на интерес.

Промовирајте ја вашата технологија и иновации на европскиот пазар

Доколку имате технологија што сакате да ја промовирате на Европскиот пазар или барате одредена технологија, контактирајте нé заедно да го изработиме вашиот технолошки профил. Откако ќе биде валидиран од страна на Enterprise Europe Network, ќе биде публикуван и дисеминиран насекаде низ Европа и пошироко.

Учествувајте во брокерски настани

Овие настани што се организираат од страна на Enterprise Europe Network како дел од големи саеми и конференции за технологии се одлична можност за МСП од различни земји да остварат директни, претходно договорени средби и да ги дискутираат можностите за технолошка соработка.

Погледнете го календарот на настани организирани од Enterprise Europe Network. Регистрирајте се за да го изразите вашиот интерес за учество на некој од бројните брокерски настани организирани во различни делови од Европа.

Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Технологии и иновации, слободно контактирајте нè.