info@een.mk
Македонија
Сите услуги на ЕЕН Македонија кон клиентите се бесплатни

Новости

ЕУ индекс на регионална конкурентност за 2016

27.10.2017

Новото издание на ЕУ Индексот на регионална конкурентност (EU Regional Competitiveness Index - RCI) ја покажува континуираната сила на главните региони како и регионите со метрополитски градови. Во северозападниот дел на ЕУ овие конкурентни региони генерираат суштински суфицити што ја подобруваат конкурентноста на соседните региони. Сепак, источните и јужните земји-членки, иако блиску до главни региони, се чини дека не придонесуваат кон зголемување на конкурентноста.
Споредено со претходните две изданија, објавени во 2010 и 2013 година, Малта и неколку региони во Франција, Германија, Шведска и Велика Британија го подобрија својот резултат, додека индексот е намален за Кипар и неколку региони во Грција, Ирска како и Холандија. Во регионите на источните ЕУ членки, конкурентноста претежно е стабилна.

Индексот опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи иновации, управување, транспорт и дигитална инфраструктура, како и мерки на здравје и човечки капитал. Се поголем број региони го користат за да ги идентификуваат нивните предности и слабости и да ги креираат сопствените стратегии за развој.

Извештајот е достапен на следниот линк.

 

Создавање на гигабитно општество: улогата на 5G

27.10.2017

Студија изготвена од страна на Arthur D. Little ги разработува во детали потребите и придобивките од 5G за осум индустрии, од транспорт и производство до здравство и земјоделство. Поврзани и автономни возила, беспилотни летала, еластични паметни мрежи, апликации за зголемена реалност, биоелектроника, флексибилно производство и роботика се само неколку од студиите кои се прикажани. Извештајот дава осврт на повеќе од дваесет надворешни студии на случај развиени со големи корпорации и иновативни европски стартапи.

Тимот на Arthur D. Little ја има изработено студијата во соработка со многу организации како и водечки европски академски институции, продавачи на опрема како и многу оперативни компании од Vodafone.

Студијата е достапна на следниот линк.

 

Интернет на нештата: што носи иднината

28.9.2017

Интернет на нештата (Internet of Things - IoT) достигна точка на флексија кај бизнисмените од целиот свет. Поткрепено со примери од реалниот свет за тоа што може да се постигне, овој концепт покажува силни придобивки низ многу сектори. Приказната од овој момент па до 2019 е јасна: Интернет на нештата ќе се движи од добро кон одлично.

Тоа е мислењето на голем дел од 3.100 бизнисмени од областа на информатичката технологија вклучени во големо меѓународно истражување. Испитаниците кои доаѓаат 20 земји го дадоа своето мислење за различни теми вклучувајќи предности од Интернет на нештата, можностите и предизвиците кои претстојат. Она што е изненадувачки е дека голем процент се согласуваат дека Интернет на нештата има светла иднина, но и дека ќе има предизвици кои ќе треба да се надминат. Исто така, студијата покажа дека оние компании кои на вистински начин го имплементирале концептот пријавиле дека нивните очекувања биле надминати како и дека инвестицијата која ја вложиле била повратена многу брзо. Може да заклучиме дека имплементацијата на Интернет на нештата придонесува кон подобрување на деловната ефикасност, иновативност и профитабилност.

Целосната студија може да ја превземете на следниот линк.

 

Како телеком провајдерите ќе прераснат во најзначајни брендови во наредната декада

26.5.2017

Во изминатите десет години ретки се индустриите кои забележа силна трансформација карактеристична за индустријата на телекомуникациите. Особено влијание на овој просец имаа напредокот на технологијата како и општата зголемена побарувачка и понуда на мобилни уреди.

Со цел да остварат конкурентска предност телекомуникациските компании треба да се фокусираат на следниве работи: обезбедување на врвно искуство на своите клиенти преку квалитетно поврзување, понуда на богата содржина на уникатен и иновативен начин со цел привлекување нови клиенти како и обезбедување широка дигитална содржина.

Истражување спроведено од страна на Kantar Worldpanel Comtech покажува дека клучен двигател на лојалност е брза и сигурна конекција. Во денешно време широкопојасниот интернет претставува производ во мала инвестиција од страна на клиентот, но доколку перформансот е неадекватен во тој случај клиентите стануваат незадоволни и искуството станува лично и негативно. Затоа, телеком провајдерите треба да се осигураат дека испорачуваат интернет конекција од најдобра класа и постојано да ја мониторираат услугата.

Исто така, компаниите од овој сектор потребно е да генерираат нови извори на приходи преку партнерство со компании кои се исклучително иновативни и нудат производи кои се базираат на содржина која ги привлекува корисниците.  За тоа како телеком провајдерите прераснуваат во вистинска порта кон светот за нивните корисници прочитајте подетално во извештајот.

Превземи документ