МАКЕДОНИЈА
Регистрирај се за Е-весник

ОЧЕКУВАНИ НАСТАНИ

business

Поддршка на бизнисот

Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Во прв ред, тоа се однесува на услуги за сеопфатно информирање со широк спектар на прашања, можностите на единствениот Европски пазар од една стана, но и надминување на препреките со кои се среќаваат македонските претприемачи, понатаму организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање бизнис партнери во Европската Унија, регионот и пошироко, стручни совети за достапните извори на финансирање и друго.

    Поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја базата за бизнис соработка на Enterprise Europe Network;
    Обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки;
    Креирање и промовирање профил за бизнис соработка за претпријатијата и меѓународно вмрежување;
    Организирање локални и регионални настани;
    Организирање панел дискусии за теми од ЕУ;
    Одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компаниите;
    Обезбедување на поддршка на МСП за интернационализација;
    Давање на услуги на компаниите скроени според нивните потреби.


Сакате да настапите на нови пазари?

Доколку извезувате или планирате да инвестирате во странство, ние можеме да Ве информираме за барањата на законодавството на целните пазари, царинските формалности, производите и потрошувачките навики.

Се интересирате како да го сертифицирате својот производ....

Во можност сме да ви пружиме информации и совети за Европските стандарди и важечки ознаки (на пример CE-ознаката). Овие сертификати се вашата препорака за успешен настап на Европските пазари.

На овие и други прашања одговорот го бараме со истражување и ги дознаваме сите потребни информации преку мрежата на партнерски институции вклучени во Enterprise Europe Network.

Сакате да го проширите својот бизнис?

Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување. Преку нашата База за Деловна Соработка (Business Cooperation Database), можеме да ви помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 50 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.

или

Како да учествувате на Европски бизнис настани?

Членките на Enterprise Europe Network, постојано организираат деловни средби на директно поврзување со доверливи партнери (match making events) и компаниски мисии, вообичаено како придружен настан на големите трговски саеми, бизнис форуми и слично. Информирајте се за настаните кои претстојат и искористете го максимумот од посетата на настан од Ваш интерес и остварете средба со однапред таргетирани деловни партнери.

Барате ли можности за финансирање на специфични проекти....

Дали сте запознаени со можностите за финансирање во подрачјата како што се:

    Претприемништво и Иновации
    Истражување и развој
    Пред пристапни фондови
    Образование
    Јавни набавки

Европската Унија им помага на претпријатијата со иновативни проекти и нови технологии да добијат финансиска поддршка. Ве информираме, константно за актуелните програми за финансирање кои ги објавува Европската Комисија.

Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Бизнис и соработка, слободно контактирајте нè.

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам