МАКЕДОНИЈА
Регистрирај се за Е-весник

ОЧЕКУВАНИ НАСТАНИ

HORIZON 2020

Enterprise Europe Network овозможува да пронајдете партнери за учество на европските повици за истражување и иновации преку конкретни барања од проектни партнери низ Европа. Исто така, мрежата може да ви помогне и за креирање на идејата во конкретен проект и помош за вклучување во меѓународни проекти.

    Информации за тековните повици на програмата Хоризонт 2020 и другите европски програми со кои се финансираат научно-истражувачки проекти;
    Информации за можни извори за финансирање на иновативни производи;
    Информации за можностите за вклучување во конкретен меѓународен проект;
    Организирање обуки и работилници за проекти;
    Поддршка за пронаоѓање на партнери за учество во проект;
    Воведување на македонските МСП во научно-истражувачки проекти;
    Информации за настаните организирани од мрежата.

ХОРИЗОНТ 2020 – Рамковна програма за истражување и иновации (2014-2020)

Хоризонт 2020 претставува најголемата програма за истражување и иновации " со која се покрива целото финансирање за истражување и иновации кое се обезбедуваше преку Рамковната програма за истражување и технолошки развој, Рамковната програмата за конкурентност и иновации (ЦИП) и Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ).

Програмата овозможува подобра поддршка на истражувачите и иноваторите од Европа – сè со цел да се помогне добрите идеи да влезат на пазарот и да се постигне одржлив економски раст и нови работни места.

Што претставува SME Instrument на програмата Horizon 2020?

Инструментот за мали и средни претпријатија во рамките на програмата Хоризонт 2020 претставува финансиска алатка на Европската комисија која ги адресира финансиските потреби на претпријатијата кои се насочени кон интернационализација. Овој инструмент финансира проекти со специфични теми и ги опфаќа претпријатијата кои спроведуваат иновативни решенија со голем потенцијал.

Тој има за цел да даде поддршка на проекти кои имаат европска димензија и кои водат кон иновативни промени во водењето бизнис (производ, процес, услуга, маркетинг, и сл.).

Инструментот за МСП-ја е наменет за сите типови на иновативни претпријатија кои покажуваат силна амбиција за развој и за интернационализација на дејноста. Поддршката се одвива во три одвоени фази поддржана и со менторирање. Услугите на менторирање, во рамките на овој инструмент, ја даваат партнерските организации на Enterprise Europe Network.

Во првата фаза, може да се развие визибилити студија за верификација на технолошката/практичната како и економски оправданата иновативна идеја/концепт со значителна новина во индустрискиот сектор во кој е таа претставена (нови производи, процеси, дизајн, услуги и технологии или нови пазарни апликации на постоечките технологии). Тука може да се вклучи инвоациска стратегија за развој, барања на шпартнери, визибилити на концептот вклучувајќи било каков ризик и мора да има европска димензија и да го содржи потенцијалното враќање на инвестицијата во иновативните активности.

Во втората фаза, ќе се поддржат иновативните проекти кои адресираат специфични предизвици и кои демонстрираат висок потенцијал во однос на конкурентноста на претпријатието и раст поткрепени со стратешки план. Активностите вклучуваат демонстрација, тестирање, прототип, дизајн, репликации и сл., со цел да се донесе иновативната идеја (производ, процес, услуга и сл.) подготвена во индустријата и зрела за воведување на пазарот, но може да вклучува и некое истражување.

Во третата фаза, претпријатијата може да имаат корист од индиретни мерки на поддршка, како што е поддршката со ризичен капитал.

Повеќе информации за повиците од овој инструмент, можете да најдете на следниот линк:
http://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/h2020/calls/h2020-smeinst-1-2014.html

Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Истражување и развој, слободно контактирајте нè.

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам