Форумот кој е во рамки на Европската претприемачка мрежа (ЕЕН), има за цел на едно место да ги обедини истражувачите, иновативните компании и клучните актери од Европа и Западен Балкан. Настанот нуди целодневен програм со инспиративни предавања, панели со експерти интерактивни сесии и извонредни можности за вмрежување. Во фокус на форумот се иновациите, истражувачката соработка и трансферот на научните резултати во конкретни општествени и деловни користи.
Форумот е во организација на Научно-технолошкиот парк Нови Сад, Мозаик Хаб, Бизнис Инкубатор Нови Сад и Стопанската комора на Србија, а поддржан од Европската претприемачка мрежа во Северна Македонија, која ги повикува сите заинтересирани за учество на настанот да се пријават согласно насоките презентирани подолу.
Што може да очекуваат учесниците?
- Размена на искуства со истражувачите, иноваторите и институциите кои работат на најнови идеи и технологии;
- Стратешки контакти кои отвараат врата на идни партнерства, заеднички иницијативи и трансфер на технологии;
- Практичен увид и повратна информација за јакнење на прокетните концепти и зголемување на нивното влијание.
- Динамично опкружување кое поттикнува соработка, видливост и поврзување на различни сектори.
За кого е наменет настанот?
- Истражувачи од универзитети, институти и R&D центри.
- Стартпаи, мали и средни претпријатија кои сакаат да развиваат иновации и да градат партнерства.
- Јавни институции, организации и тела за поддршка на наука и иновации;
- Млади експерти и проектни тимови кои се во потрага за инспирација и регионални/европски мрежи.
Повеќе информации и регистрација на следниот линк: https://www.b2match.com/e/horizons-of-innovations.
Рокот за онлајн регистрација е 20.11.2025 година, додека рокот за внес на профил и закажување на состаноци (B2B, R2B и R2R) e 24.11.2025 година.
Учеството на форумот е бесплатно, но местата се ограничени
R2R, B2R и B2B состаноците се закажуваат исклучво преку онлајн платформата.
За дополнителни информации во врска со настанот, контактирајте го контакт лицето: м-р Михајло Донев (тел. 02 23244 067, e-mail: mihajlo@mchamber.mk