Северна Македонија

Title

БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА–ГРЦИЈА Инвестиции и можности за бизнис-соработка – 6 ноември 2025 година

06.11.2025 -06.11.2025


Во насока на поттикнување и продлабочување на билатералните економски врски меѓу Северна Македонија и Грција, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Грција, организира Бизнис-форум и билатерални средби меѓу бизнис-делегации од двете земји.

Настанот, кој ќе се одржи на 6 ноември 2025 година во просториите на Стопанската комора, ќе послужи како платформа за поврзување на компаниите од двете земји, за да се запознаат со заедничките можности за соработка и поставување темели за идни деловни потфати.

На настанот ќе бидат присутни компании од следниве сектори:

·        Храна и пијалаци

·        Фармација и козметика

·        Информатичка технологија и комуникации

·        Градежништво и градежни материјали

·        Медицинска опрема

·        Еколошки услуги и енергетика

·        Металургија

·        Транспорт и логистика.

Програмата на настанот предвидува пленарна сесија со обраќање на претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Атинската стопанска комора, Амбасадата на Р Грција, како и од Асоцијацијата на грчки извозници, кои ќе ги претстават можностите за инвестиции и за соработка.

Настанот нуди можност за вмрежување со B2B-средби меѓу македонски и грчки компании. Работен јазик на настанот е англискиот.

Учеството на Форумот е бесплатно, но регистрацијата е задолжителна.




Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам