Северна Македонија
Enterprise Europe Network of North Macedonia нуди услуги за подобрување на капацитетите на фирмите за управување со иновациите.Претставувањето и воведувањето на нов производ, услуга или процес од страна на компаниите може да биде одговор на конкретните барања на пазарот (потребите на потрошувачите или клиентите, конкурентноста, развој на нови можности, и сл.) или да биде новина на пазарот. Истражувачките активности и технолошкиот развој се едни од најосновните извори за иновации, иако тие може да потекнуваат и од нетехнолошки активности.Европската мрежа на бизнис можности - Enterprise Europe Network нуди бесплатни услуги за поддршка на иновациите. Целта на овие услуги е да им помогне на европските компании да донесат иновативни производи на меѓународните пазари, да го зголемат својот иновативен капацитет и да придонесат кон одржлив развој. Услугите на мрежата се насочени кон: размена на информации за програмите кои ги поддржуваат иновативните решенија вклучувајќи ја и заштитата на правата од индустриска сопственост, организирање на директни средби на компании за размена на технологии и знаење, поттикнување на капацитетот на компаниите за иновации, подобрување на вештините за управување со иновации и експлатација на резултатите од истражувањата.Алатката која ја коисти Enterprise Europe Network of North Macedonia за оваа намена е IMP³rove. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: https://www.imp3rove.de/
Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија
Правила и услови Политика за приватност Колачиња
Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.
Политика за користење на колачиња (cookies)
Се согласувам Не се согласувам