Северна Македонија

Title

Покана за „хибридни“ билатерални деловни средби „8 th International B2B Software Days 2025” -Тhe Future of Digital Busines-

19.05.2025 -21.05.2025


Почитувани,

 

Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Австриската агенција за промоција на истражувањата, Австриската стопанска комора, Advantage Austria-организација за унапредување на трговијата на Австриската федерална стопанска комора, Виенската деловна агенција и Виенскиот Универзитет за технологија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на хибридни деловни средби: „8th International B2B Software Days 2025“-Тhe Future of Digital Busines”.

 

На настанот предвидено е да учествуваат над 1000 учесници пред кои ќе бидат презентирани над 20 тематски работилници, експертски совети за идеи и предизвици. Агендата за тематските работилници можете да ја погледнете на следниот линк: https://2025.b2bsoftwaredays.com/components/46562

 

Истиот е насочен кон компании и институции за истражување и развој кои бараат технолошка, истражувачка и деловна соработка и претставува одлична можност за воспоставување на контакти со потенцијални партнери и  промоција на деловни понуди и барања преку австрискиот пазар. Оваа година партнерска земја на тимот е Франција.

 

Учеството на настанот е бесплатно. Работен јазик е англискиот. Регистрацијата е отворена до 21 мај 2025 година на следниот линк: https://2025.b2bsoftwaredays.com/signup.

 

Контакт лица од Стопанската комора:

 

Ирена Мојсовска

телефон: +389 2 3244 009

е-адреса: irena@mchamber.mk

 

Ивана Анчев

телефон: +389 2 3244 051

е-адреса: ivana@mchamber.mk





Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам