Северна Македонија
12.05.2026 -12.05.2026
Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од македонскиот конзорциум на Европската претприемачка мрежа - Enterprise Europe Network North Macedonia-EENOMA, во соработка со Амбасадата на Република Албанија во Скопје, има чест да Ве покани на претстојниот Македонско-албански бизнис-форум: Преку границите, кој ќе се одржи на 12 мај 2026 година (вторник) во хотел Александар Палас, Скопје (сала К4).Бизнис-форумот ќе обедини претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји и ќе претставува платформа за зајакнување на економската соработка, воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства и разгледување конкретни можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес.Во рамки на програмата ќе бидат организирани структурирани Б2Б и Б2Г деловни средби меѓу компании од Северна Македонија и компании и институции од Албанија, со цел директно поврзување на деловните субјекти согласно со нивните интереси и потенцијали за соработка.Ги покануваме заинтересираните компании да присуствуваат на Бизнис-форумот и да го изразат својот интерес за учество на Б2Б / Б2Г средбите.Ве молиме потврдете го Вашето присуство и искажете го Вашиот интерес за средби најдоцна до 8 мај 2026 г. (петок) со пополнување на пријавата во прилог.Контакт: • м-р Сања Николова | е-адреса: sanja@mchamber.mk | тел.:02/3244-091 | моб.: 071/230-452 и • Тања Арабелска-Рафајловска | е-адреса: tanja.arbelska@mchamber.mk | тел.: 02/3244-019.Во прилог:- агенда, - список од албанските компании и институции,- пријава.
Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија
Правила и услови Политика за приватност Колачиња
Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.
Политика за користење на колачиња (cookies)
Се согласувам Не се согласувам