Северна Македонија

Title

ФИННО Вебинар ја претстави можноста за водење бизнис со Северна Македонија

18.05.2026


ФИННО 2026 Вебинар – „Doing Business with North Macedonia“ собра меѓународни експерти, креатори на политики и претприемачи за да ја истакне инвестициската моќ на земјата и поддршката достапна за малите и средни претпријатија (МСП) низ Југоисточна Европа. Настанот, организиран од Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Enterprise Europe Network North Macedonia (ЕЕНОМА) како дел од платформата ФИННО, ги претстави можностите за соработка со македонски компании, но исто така ја нагласи важноста на иновациите, одржливоста и меѓународните партнерства за регионален раст.

Вебинарот беше структуриран во четири сегменти. Првиот сегмент, презентиран од проф. д-р Виктор Стојмановски, ја опфати улогата на ЕЕН како „one-stop-shop“ за МСП, интегрирајќи услуги низ бизнис, академски и иновациски сектори, како и платформата ФИННО која нуди прилагодени информации за финансирање и советодавни услуги насочени кон иновации, интернационализација, дигитализација и одржливост, со посебен акцент на Југоисточна Европа.

Инвестицискиот потенцијал на Северна Македонија беше презентиран од Игор Велевски и Александра Ѓоргиевска од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, кои ги истакнаа стратешките предности на земјата: нејзината локација на европските транспортни коридори, пристап до пазари од над 650 милиони луѓе и фискални стимулации, вклучувајќи ниски корпоративни и персонални даноци. Тие ја нагласија квалификуваната работна сила, конкурентните оперативни трошоци и владината поддршка за иновации и извоз. Клучни сектори со силен инвестициски потенцијал се ИКТ, автомобилски компоненти, агробизнис, винска индустрија, здравство, енергетика и туризам.
Две компании, ги презентираа можностите за работење во Северна Македонија.

Влатко Михајлов, сопственик на Ројал Колар, ја претстави транзицијата на компанијата кон производство на брендирани работни униформи целосно изработени од рециклирани материјали, одразувајќи силна посветеност кон принципите на циркуларната економија. Компанијата планира проширување на работната сила и дистрибутивната мрежа низ Европа. Марјан Ѓошев, менаџер за промоција на храна во Лидл Северна Македонија, ја истакна интеграцијата на локалните производители во европскиот малопродажен синџир на Лидл. Извозот на македонски производи достигна 15,5 милиони евра во 2025 година, при што некои производители го зголемија извозот и до дваесет пати. Lidl применува строги стандарди за квалитет и ги поддржува локалните производители преку долгорочна соработка.
Последната сесија беше посветена на услугите на ЕЕН за МСП. Емилија Андонова од ЕЕНОМА истакна дека ЕЕН услугите поддржале над 260.000 компании од 2008 година. Овие услуги вклучуваат поддршка за иновации, пристап до финансии, насоки за одржливост и таргетирани настани за поврзување. Таа ги охрабри МСП да се вклучат во секторските и тематските групи на ЕЕН за да најдат партнери и да растат интернационално.

Вебинарот понуди одлични можности за компаниите да го запознаат македонскиот пазар и можностите за „Doing Business in North Macedonia“, како и неискористениот потенцијал што го нуди оваа економија лоцирана во срцето на Балканот.

Дали го пропуштивте вебинарот?
Кликнете на линкот за пристап до видеото: https://ecourses.mchamber.mk/default.aspx?m=14&id=13&l=1 

Материјали поврзани со вебинарот:

Улогата на ФИННО платформата во рамки на ЕЕН
http://www.een.mk/CMS/Upload/CMS_Upload/Presentation-Doing-business-MKD.pdf 

ЕЕН можности за поврзување со македонски компании
http://www.een.mk/CMS/Upload/CMS_Upload/EEN_General%20Network%20Presentation_16x9_NonEU_Updated%20May%202025.pdf 



Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам